SportM
Фудбал

„Не сум сигурен‟, Ерлинг Халанд за првпат реагира по шпекулациите за интересот на ФК Барселона и Реал Мадрид

SPORTM.mk15 ное 2026
„Не сум сигурен‟, Ерлинг Халанд за првпат реагира по шпекулациите за интересот на ФК Барселона и Реал Мадрид

Моментално ангажиран со норвешката репрезентација, каде вчера постигна гол во победата од 3-1 над Велс, напаѓачот неодамна беше прашан за неговата ситуација, имајќи го предвид интересот од клубови како Реал Мадрид и ФК Барселона. Во изјавите пренесени од Sky Sports, тој го третираше ова прашање јасно и убедливо во тоа што го кажа.

„Ова е тешко прашање за одговор, бидејќи се работи за правна битка… Ова е прашање меѓу Премиер лигата и Манчестер Сити, кое ќе биде разгледано пред судска институција. Треба ли јас да одговорам на ова? Не сум сигурен. Тешко е да се даде одговор кога не знам многу за ова прашање. Верувам дека одговорите ќе дојдат… не знам кога. Не сум прочитал многу за ова.

Да бидам целосно искрен, јас сум фокусиран да го дадам најдоброто за Манчестер Сити. Клуб со кој потпишав петгодишен договор во 2022 година, како и нов девет и пол годишен договор на крајот од 2024 година. Мислам дека ова кажува сè. Сум играч на Сити и многу сум среќен овде‟, изјави Ерлинг Халанд.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.