Почетино започнува со изненадувања, откриено првото засилување кое го побарал за јануарскиот трансфер период

Маурисио Почетино не загуби време за да ги идентификува слабите точки во Манчестер Јунајтед и веќе се знае дека најмногу проблеми има во одбраната.
Токму за да го засили овој оддел, Почетино побара од раководството на клубот да интервенираат за време на јануарскиот трансфер период. Почетино брзо ја процени групата на сегашните играчи и го смета доведувањето на нов централен одбранбен играч како главен приоритет.
Според The Telegraph, одбранбениот играч на Фулам, Келвин Баси, излезе како неочекуван кандидат за да ја зајакне кревката одбрана на Манчестер Јунајтед. Нигериецот кој го носи капитентскиот појас во лондонскиот клуб е во последната година од договорот, со можност за продолжување за уште една година.
Сепак, неговото заминување од Фулам во средината на сезоната нема да биде воопшто лесно. Неговата пазарна вредност според Transfermarkt изнесува 28 милиони евра.



