SportM
Фудбал

Милан со интересен предлог за Ендрик, во игра се 80 милиони евра

SPORTM.mk15 ное 2026
Милан со интересен предлог за Ендрик, во игра се 80 милиони евра

Милан е клубот кој покажува најголем интерес за трансферот на Ендрик во јануарскиот преоден рок, а неговото заминување од Реал Мадрид изгледа неизбежно поради малкуте минути кои ги добива под водство на тренерот Жозе Мурињо.

Џери Кардинале, сопственикот на Милан, има силна врска со агенцијата “Roc Nation”, која го претставува Ендрик, па поради тоа „црвено-црните“ се сметаат за фаворити во трката за неговиот потпис, иако за бразилецот постои сериозен интерес и од Рома и други клубови.

Според Defensa Central, предлогот на Милан за Реал Мадрид е навистина привлечен. „Црвено-црните“ предлагаат позајмица на Ендрик до крајот на сезоната со право на откуп, и ако бразилецот ги убеди, тие се подготвени да платат 80 милиони евра за негов трансфер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.