Ракомет
Еурофарм Пелистер – ПИК Сегет меч на неделата според ЕХФ
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го прогласи претстојниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед за „Меч на неделата“.
Македонскиот и унгарскиот претставник во европската Лига на шампионите, силите ќе ги одмерат утревечер во спортската сала „Боро Чурлевски“ каде спортската јавност освен домашните ѕвезди ќе ги гледа и познатите унгарски репрезентативци Фазекаш, Бодо, голманот Миклер и интернационалците Готфридсон од Шведска, Јелиниќ од Хрватска, Мачковшек од Словенија и други.
– Повторно се враќам во тимот затоа што повредата е минато. Очекувам добар резултат и со голем оптимизам го очекувам дуелот. Одлично трениераме, во клубот владее големо расположение и со поддршка на публиката, во „пеколна“ атмосфера очекувам успех, изјави пред натпреварот со ПИК Сегед, иранскиот голман во тимот на битолчани Саид Хаидарирад.
Средбата од седмото коло во европската Лига на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед ќе почне во 20:45 часот, а ќе ја судат Ларс Јурум и Хавард Клевен од Норвешка.