SportM
Ракомет

Македонските кадети го освоија деветото место на ЕП во ракомет

Редакција9 авг 2026
Македонските кадети го освоија деветото место на ЕП во ракомет

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација го освои деветтото место на Европското првенство во Белград, откако попладнево во својот завршен настап извојува убедлива победа над Израел со 39-29.

Македонските ракометари до победата дојдоа со фантастично второ полувреме во кое имаа апсолутна контрола врз случувањата на теренот.

Натпреварот започна со иницијатива на израелските ракометари кои на средина од полувремето имаа и највисока предност од четири голови разлика (14-10).

До крајот на полувремето избраниците на селекторот Горан Кузмановски намалија на гол негатива (20-19), а продолжението на натпреварот донесе поинаква слика на теренот.

Македонските ракометари го отворија второто полувреме со серија од 3-0 за водство од 22-20 кое постепено го зголемуваа и со нова серија од 9-0 ги решија сите дилеми околу победникот.

Дамчевски и Ѓорѓиевски со по осум голови беа најефикасни во македонските редови.

Избраниците на Кузмановски го почнаа Европското првенство во Србија со три порази во силната група со Словенија, Франција и Шведска, но во продолжението покажаа карактер и квалитет и со серија од пет победи над Италија, Турција, Фарски Острови, Португалија и Израел на крајот го освоија деветтото место.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.