Connect with us

Ракомет

Еурофарм Пелистер против ПСЖ!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер му гостуваат на ПСЖ во второто коло во Лигата на шампионите.

Во таборот на битолчани свесни се за силата на парижаните, но ветуваат максимално залагање во обид да се изненади големиот фаворит.

– ПСЖ е гигант во спортот и во ракометот. Можеби имаат и најголем буџет во Лигата на шампионите оваа сезона. Ние се подготвуваме гледајќи на самите себе, имаме своја тактика. Подобро е кога се победува, се зголемува самодовербата на играчите, расте психичкиот момент кај секој играч и добро е што ги победивме Вардар 1961 и Загреб и освоивме два бода во ЛШ. Одиме малку порастоварени на гостински терен во Париз. Секоја победа или бод освоен во гости добро ќе ни дојде. Не треба уште отсега да правиме калкулации, туку да мислиме натпревар по натпревар. Треба да ја играме својата игра, па што биде – нека биде, изјави Никола Митревски.

Натпреварот во Париз почнува во 20 часот и 45 минути.

Еурофарм Пелистер во првото коло го победи Загреб, додека ПСЖ загуби од Магдебург.