SportM
Ракомет

Еурофарм Пелистер во неизвесен меч претрпе пораз од силниот ПСЖ!

Редакција19 сеп 2025
Еурофарм Пелистер во неизвесен меч претрпе пораз од силниот ПСЖ!

Фото: tv21m

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во резултатски докрај неизвесен натпревар претрпеа пораз на гостувањето во Париз од фаворитот ПСЖ со 33-27 во рамки на 2. коло од групата Б во Лигата на шампиони.

Македонскиот шампион беше рамноправен противник и откако на полувреме резултатот гласеше 16-16, Еурофарм Пелистер го презеде водството во продолжението кое во неколку наврати изнесуваше и плус три голови разлика.

Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која Еурофарм Пелистер при резултат го искористи нападот за водство од 27-26, но францускиот гигант до крајот запиша серија од 7-0 за на крајот да забележи убедлива победа која не дава реална слика за случувањата на паркетот.

Манасков со пет и Кузмановски со четири голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер,

По стартната победа минатата недела на домашен терен над Загреб и вечерашниот пораз од ПСЖ, ракометарите на Еурофарм Пелистер во 3. коло во Битола на 24 септември ќе го пречекаат данскиот шампион ГОГ Гудме.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.