Еве кој го советувал Родри да му „удри корпа“ на Реал Мадрид и да ја одбере Барселона!

Барселона е на чекор до големо засилување, откако Родри наводно одлучил кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“, иако до неодамна беше блиску до трансфер во Реал Мадрид.
Според „Марка“, шпанскиот репрезентативец вчера ја известил управата на Барселона дека сака да стане дел од тимот на Ханси Флик, со што практично отпаднала можноста да се пресели во редовите на најголемиот ривал.
🚨 𝗘𝗫𝗖𝗟𝗨𝗦𝗜𝗩𝗘: Pep Guardiola CALLED Rodri this week to CONVINCE HIM to join Barcelona.
— @BlazquezFont pic.twitter.com/EEyOharBMY
— Barça Universal (@BarcaUniversal) August 6, 2026
Флик лично стапил во контакт со Родри, како и претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко, претставувајќи му го проектот на клубот. Сепак, конечната одлука, според шпанските медиуми, Родри ја донел по разговор со својот поранешен тренер Пеп Гвардиола.
Токму под водство на Гвардиола во Манчестер Сити, Родри ги одигра своите најдобри натпревари, а легендарниот тренер на Барселона му препорачал да ја продолжи кариерата во Каталонија.
Сега останува Барселона и Манчестер Сити да постигнат договор околу обесштетувањето. Според медиумските шпекулации, каталонскиот клуб е подготвен да плати околу 50 милиони евра, а трансферот би можел да биде официјализиран во текот на следната недела.



