SportM
Фудбал

Евертон и Милан во јануари прават голема размена на играч?

Д М19 ное 2019
Евертон и Милан во јануари прават голема размена на играч?

Евертон и Милан во јануари би можеле да направат размена на играчи, пренесуваат италијанските медиуми.

„Калчомеркато“ пишува дека тимот од „Гудисон Парк“ би можел да му го понуди Моис Кин на Милан, а Кшиштоф Пиатек би можел да замине во спротивен правец.

Младиот Кин пристигна од Јувентус во Евертон ова лето за 27,5 милиони евра, но се покажа како голема гршка.

Од почетокот на сезоната, 19-годишниот напаѓач има запишано 11 настапи за англискиот клуб, но сè уште не постигнал гол, па јасно е зошто тој може да замине дури во јануари.

Од друга страна, Пиатек не настапи добро во дресот на Милан и оваа сезона, постигнувајќи само три гола на 12 настапи.

Неодамна се појавија информации дека Милан полека го губи трпението кон Пиатек и дека му било кажано дека доколку не ја подобри својата форма, тој веројатно ќе го напушти „Сан Сиро“ во јануари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.