Евертон сака да го донесе Нзонзи, уште неколку клубови се распрашуваат за неговите услуги
Д М26 дек 2019

Нзонзи минатото лето го замени дресот на Рома со дресот на Галатасарај во кој игра како позајмен играч, но неговата авантура во Турција е завршена.
Имено, откако беше суспендиран за недисциплина, тој треба да се врати во Рома во јануари, но нема да остане таму долго.
Рома не го сака во својот тим, а за среќа за нив има неколку клубови кои се заинтересирани за неговите услуги.
Прв на списокот е Евертон, чии сопственици би сакале да го видат во клубот и мислат дека тоа е многу добра одлука.
Покрај Евертон, Лион се распрашува за Нзонзи, како и неколку екипи од Кина, но играчот претпочита да замине во Англија.
Останува да се види што ќе се случи во јануари и каде ќе заврши овој играч од средниот ред.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



