Connect with us

Фудбал

Европскиот шампион официјализираше интересен трансфер

Џенова направи многу интересен трансфер.

Искусниот голман Славаторе Сиригу (34) ќе застане на голот на Џеона следната сезона, а клубот ја потврди оваа информација.

Сиригу доаѓа од редовите на Торино, а во својата богата кариера, меѓу другото, бранеше за ПСЖ, Севиља, Осасуна, Палермо.

Ја започна својата кариера во младинските категории на Венеција уште во 2003 година.

Сиригу исто така има 27 настапи за сениорската репрезентација на Италија, а беше и член на шампионската генерација која ја освои титулата европски шампион летово.

Споменатиот голман имаше понуди и од некои други клубови од Серија А, но на крајот се одлучи за Џенова, со која потпиша договор до јуни 2022 година.

Facebook