SportM
Фудбал

ФА го казнува Гвардиола за изјава што звучи сосема нормално?

Д М12 ное 2018
ФА го казнува Гвардиола за изјава што звучи сосема нормално?

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, може да биде казнет за „контроверзна“ изјава пред натпреварот со Манчестер Јунајтед, кој вчера го одиграа.

Граѓаните во дербито славеа со 3:1, а Гвардиола неочекувано стигна до центарот на вниманието со изјавата што ја даде пред натпреварот.

Гвардиола го спомена главниот судија Ентони Тејлор, но не во негативен контекст и неговите зборови звучат сосема нормално. Сепак, Гвардиола го прекрши правилото на ФА кое вели дека менаџерите не смеат да го споменат судијата пред натпреварот.

„Сигурен сум дека Тејлор ќе се обиде да направи добра работа, исто како што се трудат менаџерите и играчите. Г-дин Тејлор ќе направи нешто за да биде добар натпревар и се надевам дека тоа ќе го направи разумно. Целата Англија и цела Европа ќе не гледа нас“, рече Гвардиола еден ден пред натпреварот, во кој неговиот тим славеше добро заслужен триумф.

Инаку, Гвардиола нема да биде прв менаџер во Англија, кој ќе се соочи со таква казна, бидејќи и неговиот колега Жозе Мурињо беше казнет за слични коментари на сметка на Тејлор пред натпреварот со Ливерпул во октомври 2016 година.

Се уште не е познато дали ФА ќе поведе постапка против Гвардиола, од која се бара да ја објасни својата изјава најдоцна до утре (вторник) до 18 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.