SportM
Фудбал

ФА го обвини Клоп за недолично однесување

Д М19 окт 2022
ФА го обвини Клоп за недолично однесување

Фудбалската федерација на Англија (ФА) го обвини тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, за недолично однесување за време на премиерлигашкото дерби против Манчестер сити, јавија британските медиуми.

Ливерпул во неделата пред своите гледачи со совлада Манчестер сити со 1-0, а германскиот стратег беше исклучен во финишот на натпреварот бидејќи го напушти тренерскиот простор за да протестира кај помошниот судија.

-Однесувањето на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во текот на 86 минута беше недолично, се наведува во соопштението на ФА:

Клоп има рок од три денови да одговори на наводите, а потоа ФА ќе донесе одлука околу евентуалната казна за стратегот на Ливерпул.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.