SportM
Фудбал

ФА со суспензија за Кавани поради расизам, Манчестер Јунајтед го брани

E R17 дек 2020
ФА со суспензија за Кавани поради расизам, Манчестер Јунајтед го брани

Фудбалската асоцијација на Англија го казни Единсон Кавани со суспензија од три меча поради расизам.

А, каде згрешил Уругваецот. Имено, тој на социјалните мрежи му се заблагодари на Рашфорд за асистенциите за двата гола против Саутемптон (3:2) одигран на 29-ти ноември. Но, наместо со име, напиша „негрито“. Ова секако предизвика реакција од ФА на Англија, иако Кавани го избриша тоа и се правдаше дека не е расизам.

Нешто слично соопшти и неговиот клуб Манчестер Јунајтед.

-Единсон и клубот се јасни дека не постоела никаква зла намера во пораката. Тој ја избриша и се извини на јавноста порачувајќи дека може да биде погрешно разбрана“, пишува во соопштението од на Јунајтед.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.