SportM
Фудбал

Фабрегас: Среќен сум пет минути

SPORTM.mk11 сеп 2026
Фабрегас: Среќен сум пет минути

Сеск Фабрегас се обидува да го запре еуфоријата кај Комо по спектакуларната победа од 4-0 против Лајпциг, во дебито на Лигата на шампионите: „Среќен сум, но оваа состојба ќе трае пет минути. Треба да се подготвиме за натпреварот в понеделник против Парма. Доживеавме историска ноќ, но сега треба смиреност, затоа што треба да продолжиме да работиме. Треба да бидеме на ниво секои три дена“.

Тренерот ги објасни и тактичките промени за време на натпреварот: „Зошто ја менувам шемата за време на играта? За да бидеме комплетен и доминантен тим, треба да знаеш да го менаџираш натпреварот во секој аспект. Јас ги нарекувам ‘мини-натпревари’ внатре во натпреварот. Денес завршивме со пет одбранбени играчи, затоа што Лајпциг почна да турка на крајот, моите играчи беа малку изморени и ни требаше стабилност“.

На крај, Фабрегас ги пофали Батурина и Дијо: „Асане многу ни недостасуваше минатата сезона, останавме девет месеци без него. И да имаш толку талентирани играчи на клупата може да го промени натпреварот. Тој има 21 година, многу е млад и секоја година ќе се подобрува. Треба да имаме трпение со овие момци, нешто што често недостасува во фудбалот“. За Батурина додаде: „Имам голема доверба во Мартин. Тој е чист талент и треба да му дозволиме да се изрази слободно“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.