SportM
Фудбал

Фановите во Холандија се враќаат на стадионите во септември, но со две строги правила

Д М24 јун 2020
Фановите во Холандија се враќаат на стадионите во септември, но со две строги правила

Иако се очекуваше на навивачите во Холандија да не им биде дозволено да излезат на трибините сè додека не се најде вакцината, тоа би можело да се промени.

Имено, денеска ќе се одржи состанок на лидерите во лигата, на кој ќе се разговара само за еден предлог, а тоа се навивачите.

Предлогот е таков што од септември, поточно од самиот старт на следната сезона, на навивачите ќе им биде дозволено да дојдат на трибините, со два услови.

Првиот би бил социјална оддалеченост од два метри на трибините, но и при влегување и напуштање на стадионот, но тоа нема да биде сè.

Ќе биде забрането навивање и пеење на какви било песни, бидејќи ова го зголемува ризикот од ширење на коронавирусот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.