Федерацијата потврди: Ќе организираме проштален натпревар за Кристијано Роналдо

По објавата на Кристијано Роналдо за конечно повлекување од репрезентацијата, Португалската фудбалска федерација реагираше со емотивно соопштение, изразувајќи благодарност за легендарниот капитен.
„Федерацијата изразува најдлабока и трајна благодарност за нашиот постојан капитен, Кристијано Роналдо. Освен што е извонреден спортист, тој е харизматичен лидер, пример за посветеност и симбол на духот на нашата репрезентација.
Во една легендарна кариера, со 234 натпревари и 146 гола, тој го носеше товарот на нацијата, рушеше рекорди и го водеше тимот до историски моменти. Роналдо го воздигна името на Португалија и инспирираше цели генерации млади. За многу од нас, тој е најдобриот фудбалер на сите времиња.”
Федерацијата исто така објави дека ќе организира специјален проштален натпревар, за фановите и нацијата да можат уште еднаш да му аплаудираат и да го почестат.
„Благодариме за сè, капитен! Ова секогаш ќе биде твојот дом! Сега целиме кон целта од 1000 голови“, – завршува соопштението, реферирајќи кон личниот рекорд што Роналдо сака да го достигне со Ал Наср.



