SportM
Фудбал

Рафиња го продолжи договорот со Барселона до 2030 и ја откри својата желба

SPORTM.mk5 ное 2026
Рафиња го продолжи договорот со Барселона до 2030 и ја откри својата желба

Барселона официјално го објави продолжувањето на договорот со Рафиња до јуни 2030 година. Бразилскиот капитен го потпиша новиот договор во канцелариите на клубот, во присуство на претседателот Жоан Лапорта. По церемонијата, Рафиња ја изрази својата гордост за ова постигнување и ја откри желбата да ја заврши кариерата на „Камп Ноу“:

„Ова е огромна гордост. Само јас и моето семејство знаеме низ што поминавме од внатре откако стигнав тука. Многу сум горд на тоа што го постигнав и се надевам дека ќе имам уште многу години пред мене. Ако нозете ми дозволат да продолжам да играм на високо ниво, би сакал да се пензионирам како фудбалер во Барселона“.

За бразилската репрезентација, тој рече дека разговарал со Карло Анчелоти, кој треба да ги менаџира неговите минути за да се избегнат повреди: „Се чувствувам добро, но сè уште не сум на 100%. Правам сè за да бидам во најдобра физичка состојба“.

Запрашан за можноста за суспензија на натпревари по смртта на Хесус де Мигел, Рафиња изјави: „Тоа беше несреќа која ме погоди лично. Мислам дека најдобриот начин да се покаже почит е да продолжиме да работиме. Ќе го почитуваме секое донесено решение“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.