Connect with us

Тајмаут

Федерер не успеа! Неговиот бизнис се распаѓа, тој губи милиони

Од 20 до 22 септември во Берлин ќе се игра Лејвер купот, основан од Роџер Федерер.

Ова ќе биде седмо издание на турнирот на Роџер, а прашање е дали ќе има и осмо, со оглед на тоа што турнирот на Федерер има  финансиски проблеми. Шпанска „Марка“ пишува дека турнирот од лани се губи, се губи пари, па сега решиле да заработат од репрезентативците во Берлин.

Најевтините билети за годинешниот Лејвер куп се 300 евра, а за најлуксузните седишта на трибините се и до 4.420. Не е вообичаено ниту за Гренд Слемовите каде најскапите билети се околу 1.500 евра, а сега е егзибициски турнир. Според медиумите,   Лејвер купот лани загубил 1,8 милиони евра, а се предвидува дека и во Берлин ќе биде во минус за 1,5 милиони евра.  Најмногу пари заработи во 2022 година, кога Роџер Федерер реши да се збогува од тенисот на овој турнир. Тогаш се појавија и Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Енди Мареј, најголемите ривали на Роџер Федерер. На Роџер му донесоа добивка од пет милиони евра. Но, потоа следеа проблеми.

Годинава нема да учествува ниту Надал, го откажа доаѓањето и сигурно ги изнервирал сите што му купиле билети, а ќе го нема ниту Ѓоковиќ, кој не бил ниту поканет во Берлин.

– Многу сум разочаран што морам да споделам со вас дека нема да можам да се натпреварувам во Лејвер купот кој следната недела се игра во Берлин. Ова е екипно натпреварување и за навистина да го поддржам тимот на Европа, морам да го направам она што е најдобро за тимот, а во овој момент има и други играчи кои можат да му помогнат на тимот да победи – изјави Рафа.

Наместо Шпанецот ќе игра Григор Димитров, па во неговиот тим ќе бидат уште Каспер Руд, Стефанос Циципас, Карлос Алкараз, Александар Зверев и Даниил Медведев, а Европејците ќе ги предводи Бјорн Борг. Од друга страна, „Team World“ ќе го предводи Џон Мекинро и ќе ги има на располагање Алехандро Табил, Алекс де Минор, Тејлор Фриц, Бен Шелтон, Томи Пол и Френсис Тиафо. Секоја почит, но на сите им е јасно зошто Роџер повторно ќе изгуби пари оваа година, луѓето сакаат да го видат најдоброто досега, а не Шелтон или Де Минор…

Можеби една работа ќе му пропадне на Федерер, Лејвер купот, но за него нема зима. Таа проценува дека вредноста на неговиот имот годинава е околу 550 милиони долари, а само од турнирот во текот на кариерата заработил околу 130 милиони долари.