Connect with us

Фудбал

Феран Торес веќе избра број во Барселона

Феран Торес ќе стане нов член на Барселона.

21-годишниот напаѓач ги договори сите услови околу преселбата на Камп Ноу, а Сити се согласи на понуда од каталонскиот тим од 55 милиони фунти.

Се очекува Торес да биде официјално претставен како нов играч на Барселона во понеделник, а веќе е познато кој број ќе го носи одличниот фудбалер.

Ќе го добие испразнетиот број 25, но бројот на дресот секако е најмалку важен бидејќи Барса доби навистина големо засилување.

Феран Торес ги мина сите младински селекции на Валенсија, а за првиот тим дебитираше во 2017 година.

Тој стана член на Сити во летото 2020 година и пристигна за нешто повеќе од 20 милиони фунти.

Тој имаше блескави партии за тимот на Етихад и постигна 16 гола на 43 настапи.

Реклама

Facebook

Реклама