Connect with us

Фудбал

Фердинанд го советува Ливерпул што поскоро да го купи Халанд

Рио Фердинанд, легендата на Манчестер Јунајтед, веќе телевизиски коментатор, ги изненади сите со тоа што му препорача на Ливерпул, големиот ривал на неговиот поранешен клуб, купување на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

21-годишниот фудбалер се најде на мета на европските гиганти по позитивните настапи по неговиот трансфер во Бундеслигата.

Тој досега има навистина страшна статистика.

Халанд постигна повеќе голови отколку што настапи со дресот на Дортмунд.

Норвежанецот досега брои 70 гола на 69 настапи од јануари 2020 година.

„Мислам дека тој е посоодветен за други тимови отколку за Сити. Да бев на местото на Ливерпул, сега би го „нападнал“. Ако потпише со Ливерпул, овој тим ќе стане деструктивен“, изјави поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“.

„Не мислам дека на Халанд би му било тешко да се вклопи во Ливерпул. Можете да го видите. Грилиш сега во Сити. Тој е добар играч, одличен, сите сакаме да го гледаме како игра, но потешко е да се прилагодиме на Сити“.

Фердинанд дефинитивно ќе биде „распнат“ од страна на навивачите на „црвените ѓаволи“ поради овој коментар, бидејќи им е тешко да прифатат дека еден од нивните идоли зборува позитивно за доживотен ривал.

Уште полошо што Јунајтед исто така силно верува во купување на Халанд со кој би обезбедиле напад во следните 10 сезони.

Реклама

Facebook

Реклама