Connect with us

Фудбал

Фердинанд изненади одговарајќи на прашањето кој е најдобриот дефанзивец во Премиер лигата

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд изненади со изјава за кого смета дека е најдобар стопер во англиската Премиер лига.

Фердинанд беше еден од најдобрите дефанзивци во своето време, не само во Англија туку и во цела Европа, а со Немања Видиќ беше најдобриот стоперски тандем во историјата на овој спорт.

Фердинанд и денес посветува посебно внимание на настаните во Премиер лигата, а неговото мислење за тоа кој во моментов е најдобар на оваа позиција изненади многумина во Англија.

“Антонио Рудигер е најдобар откако Томас Тухел стана тренер на Челзи. Мислам дека ќе имаше тензична битка помеѓу него и Рубен Дијаз, но Рудигер остави навистина извонредна трага”, рече Фердинанд, додавајќи:

“Под Франк Лампард, брзо стана јасно дека тие не се согласуваат. Мислам дека на Френк никогаш не му се допадна. Имаше гласини дека сака да се ослободи од него и дека Челзи е подготвен да го продаде. И кога тренерот не ве цениме и ако не се чувствувате доверливо, вашата самодоверба ќе страда“.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама