Фергусон зборуваше за враќањето на Роналдо: Не можев да го замислам во дресот на Сити

Се уште се зборува за враќање на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед.
Роналдо веќе постигна два гола против Њукасл, и покажа дека ќе биде големо засилување за „црвените ѓаволи“
За неговото враќање зборуваше поранешниот менаџер на Јунајтед, Алекс Фергусон, кого многумина го гледаа како главен „виновник“ за враќањето на Роналдо во старото јато.
“Многу луѓе беа вклучени во трансферот. Јас, исто така, придонесов знаејќи дека Кристијано сака да се врати. Тоа беше многу важно. За мене тоа е олеснување, не можев да го замислам во дресот на Манчестер Сити. Преземавме чекори да дојде назад, и мислам дека тој ќе има влијание особено врз младите играчи “, рече Фергусон.
Откако неодамна беше официјализиран трансферот, Роналдо одлучи да објави на Инстаграм и рече дека му се остварил сонот да се врати во Манчестер Јунајтед.
“Сите што ме познаваат знаат каква љубов имам за Манчестер Јунајтед. Годините што ги поминав во овој клуб се неверојатни и патувањето што го поминавме заедно е напишано со златни букви во историјата на овој неверојатен клуб”, започна Роналдо и продолжи.
“Не можам ни да ви опишам како се чувствувам во моментов откако беше објавено дека се враќам на „Олд Трафорд“. Ова е остварување на сонот. Секој пат кога се враќав тука за да играм против Јунајтед чувствував љубов и почит од навивачите на трибините“.
“Мојот прв премиерлигашки трофеј, ФА Куп, покана за португалската репрезентација, прва Лига на шампиони, Златна копачка и Златна топка дојдоа поради специјалната врска помеѓу мене и Црвените ѓаволи. Историјата е напишана во минатото и историјата повторно ќе се запише. Го имаш мојот збор. Еве ме и се враќам таму каде што припаѓам. П.С. – Господине Алекс, ова е за вас “.



