SportM
Фудбал

Фернандеш: Аморим е вистинскиот човек за Манчестер јунајтед

Редакција22 мај 2025
Фернандеш: Аморим е вистинскиот човек за Манчестер јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш му даде поддршка на тренерот Рубен Аморим по поразот од Тотенхем 0:1 во финалето на Лига Европа.

– Рубен Аморим е вистинскиот човек за нас. Мислам дека тоа што се случи оваа сезона не покажува каков тренер навистина е тој. Навистина мислам дека тој е вистинскиот тренер за иднината на овој клуб, изјави Фернандеш по загубеното финале.

Манчестер јунајтед го загуби своето второ европско финале во низа. Во 2021 година „Црвените ѓаволи“ загубија на пенали од Виљареал во финалето на Лига Европа.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.