ФФМ додели 30 илјади евра на репрезентацијата за победите над Гибралтар и Ерменија
Д М15 сеп 2018

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), одржана во Охрид, меѓу другото беше донесена одлука да се исплати премија на репрезентативците на Македонија и на стручниот штаб од 30 илјади евра за победите против Гибралтар и Ерменија во рамки на УЕФА Лига на Нации.
На седницата се задолжи и Генералниот Секретар за отпочнување на активности во насока на подготовка на измени и дополнувања на статутот на ФФМ.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



