Фудбал
ФФМ со важна информација за навивачите во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан

ФФМ со важна информација за навивачите во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан
-Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена од 18:45 часот.
Ги повикуваме навивачите да пристигнат најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот и да ги заземат своите места навреме.
-Препорачуваме пристигнување пеш или со јавен превоз, бидејќи паркирањето околу арената ќе биде ограничено (освен за акредитирани возила).
-Лица од eticket.ffm.com.mk ќе ги проверуваат билетите, а вие порано подгответе се за проверка.
-Забрането е внесување чадори, големи торби, шишиња, запалки, пиротехнички средства, знамиња и транспаренти со несоодветна содржина.
-Влезот е бесплатен на источната трибина за младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории во системот на натпреварување на ФФМ.
-Исто така, влезот на источната трибина е бесплатен за сите ученици придружувани од својот родител од основните училишта.
-Поддржете ја репрезентацијата фер, коректно и спортски, без навреди, расистички или дискриминаторски скандирања.