SportM
Фудбал

ФИФА и забрани на Данска да носи дресови со „политички пораки“

Д М11 ное 2022
ФИФА и забрани на Данска да носи дресови со „политички пораки“

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и забрани на данската репрезентација да тренира во дресови со пораки за почитување на човековите права на Светското првенство во Катар.

Како што изјави за Франс прес портпаролот на Фудбалскиот сојуз на Данска, Јакоб Хојер, светската куќа на фудбалот го одбила барањето на Данците да носат дресови со порака: „Човекови права за сите“. Данска долго време се противи на организацијата на Светското првенство во Катар и го брани почитувањето на правата на работниците мигранти и ЛГБТ популацијата.

„Испративме барање до ФИФА, но одговорот беше негативен. Жалиме, но мораме да го земеме предвид“, изјави за данските медиуми генералниот директор на Здружението Јакоб Јенсен.

Здружението претходно објави дека дресовите за тренинзи ќе носат важни пораки и дека главните спонзори се договориле да ги заменат нивните етикети со тие пораки.

ФИФА ги забранува сите политички пораки, а неодамна ги повика сите учесници да се концентрираат на фудбалот и да не се впуштаат во идеолошко-политички пресметки.

Фудбалскиот сојуз на Данска не се согласува дека ова е политичка порака, но ќе ја почитува одлуката на ФИФА, се додава во соопштението. На дресовите во кои Данска ќе игра на Мундијалот, производителот на опрема Хумел го затемни своето лого во знак на протест против катарските власти.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.