SportM
Фудбал

ФИФА ја казни Албанија

E R16 апр 2025
ФИФА ја казни Албанија

Фото: tv21m

Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија со затворање на најмалку 20 отсто од капацитетот на стадионот на следниот натпревар кој ќе биде против репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, поради „неприфатливо однесување“ на албанските навивачи на неодамнешниот дуел против Андора.

Паралелно со ова, Фудбалската федерација на Албанија ќе треба да плати и парична казна во износ од 20.000 швајцарски франци.

Албанските навивачи за време на натпреварот против Андора „истакнале невкусни пораки со навредлива содржина против Србија и организацијата на Европското првенство за млади во 2027 година“, кое Србија и Албанија заедно ќе го организираат, пренесуваат денеска српските медиуми.

Натпреварот меѓу репрезентациите на Албанија и Србија, во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026, е закажан за 7 јуни во Тирана.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.