ФИФА му забрани на Палмеирас да носи зелени дресови во финалето против Челзи

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) не му ја исполни желбата на бразилскиот великан.
Палмеирас во финалето на Светското клупско првенство играше против Челзи и беше поразен со 2-1 по продолженијата, а фудбалерите на овој тим играа во бели дресови иако планираа да ги носат стандардните зелени дресови.
Палмеирас на зелените дресови го поддржуваат зачувувањето на зелената средина, па велат „Por um futuro mais verde“ или во превод „За зелена иднина“, но челниците на ФИФА тоа го сфатија како политичка конотација, која е забранета да има истакната на дресови според правилата на оваа организација.
Затоа, бразилскиот клуб беше должен да настапи на турнирот во старата верзија на клупската униформа без „провокативен“ повик за заштита на природата.
Малку бизарна одлука на ФИФА, а некои бразилски медиуми истакнаа дека промената на дресовите е една од причините за поразот од Челзи, убедени дека играчите се навикнати да носат зелени дресови.



