SportM
Фудбал

ФИФА потврди: На следното СП 48 екипи, 104 натпревари за 39 дена!

Д М14 мар 2023
ФИФА потврди: На следното СП 48 екипи, 104 натпревари за 39 дена!

Фото: LIONEL MESSI, Argentina, Coppa del Mondo FIFA, Qatar 2022, World Cup, Argentina vs France 3-3 4-2 apk, 18-12-2022, Esultanza, Con coppa, Celebration MONDIALI FIFA QATAR 2022 FINALE ARGENTINA-FRANCIA 3-3 4-2 dcr

ФИФА (Светската куќа на фудбалот) ги потврди промените кои ќе се случат на следното Светско првенство.

Од 2026 година на првенството ќе одат 48 репрезентации наместо досегашните 32. Во првото коло ќе има 12 групи по четири селекции, а потоа сите прво и второпласирани селекции и осумте најдобро третопласирани од групата ќе напредува. Тоа значи дека за 39 дена ќе се одиграат 104 натпревари.

Така, ФИФА ќе добие уште 40 натпревари во своето најголемо натпреварување. Досега се одиграни 64 натпревари во формат со 32 репрезентации. Постоеше и можност сите репрезентации да се поделат во групи од по три селекции, но се чини дека таа идеја беше напуштена.

Од дополнителните 16 репрезентации на Мундијалот, три места треба да добијат азиските репрезентации, четири африкански, две северноамерикански, две јужноамерикански, три европски и едно од Океанија. Последниот учесник ќе биде одреден со интерконтинентална ждрепка. Европските квалификации ќе започнат во март 2025 година и ќе траат една година.

Светското првенство во 2026 година ќе биде првото во историјата организирано од три домаќини – САД, Мексико и Канада. Да потсетиме, досега единствено планетарно првенство што немаше домаќин беше она во 2002 година, во Јапонија и Јужна Кореја.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.