ФИФА воведува ново револуционерно правило: Натпреварит на Светското првенство нема да траат 90 минути?

Светското првенство во Катар по многу нешта ќе се разликува од претходните.
Покрај тоа што ќе се игра наесен, Светското првенство во Катар ќе има нова технологија која би помогнала многу побрзо откривање на офсајд од ВАР.
„Кориере дело спорт“ денеска ја пренесува веста дека натпреварите би требало да траат многу подолго од вообичаено поради „мртвото време“ кое се наталожило во текот на натпреварот.
Последните истражувања покажаа дека од 90 минути, времето на ефективно играње во просек трае 54,61 минута, поради што се бара ново решение.
Италијанскиот весник наведува дека ФИФА има намера да го промени правилото натпреварите да бидат продолжени за најмалку 10 минути, со што ќе се компензира „украденото време“.
Една од причините минималното надополнување да биде 10 минути е тоа што и двете екипи ќе имаат право на по пет замени, што значи и губење на ефективната минутажа.
ФИФА во Катар сака да направи вистински спектакл и секако и одговара на меѓународната организација како и на силните спонзори натпреварите да траат што подолго.
Поради оваа причина, Светската фудбалска организација има намера да им дозволи на сите тимови да земат 26 играчи на турнирот, и поради пет промени и поради потенцијални случаи на инфекција со вирусот Ковид 19.
За потсетување, претходно беше одржана ждрепката за групната фаза, иако се уште не се познати сите учесници. Групите изгледаат вака:
Група А: Катар, Еквадор, Сенегал, Холандија.
Група Б: Англија, Иран, САД, Велс – Шкотска / Украина.
Група Ц: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико, Полска.
Група Д: Франција, Перу – Австралија / ОАЕ, Данска, Тунис.
Група Е: Шпанија, Костарика / Нов Зеланд, Германија, Јапонија.
Група Ф: Белгија, Мароко, Канада, Хрватска.
Група Г: Бразил, Србија, Швајцарија, Камерун.
Група Х: Португалија, Гана, Уругвај, Јужна Кореја.
Светското првенство ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година на осум стадиони лоцирани во радиус од дваесет километри.



