SportM
Фудбал

ФК Победа казнета за навредливото скандирање и за обидот за напад од навивачите врз фудбалерите на Шкендија од Арачиново

E R7 ное 2025
ФК Победа казнета за навредливото скандирање и за обидот за напад од навивачите врз фудбалерите на Шкендија од Арачиново

Фото: tv21m

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија,  ја казни Победа од Прилеп со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика.

Прилепчани ќе треба да платат и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на гостинските фудбалери по натпреварот со Шкендија од Арачиново во Втората македонска фудбалска лига.

Другите одлуки се:

– Ивица Глигоровски, кондициски тренер на ФК Силекс АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец;

– Тони Мегленски, помошен тренер на ФК Вардар АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец;

– Диако Лассана, фудбалер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за настап на два натпревара;

– Против ФК Вардар АД се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства, односно фрлање петарди, на натпреварот ФК Вардар – ФК Силекс;

– Оливер Тодоров, фудбалер на ФК Вардар Неготино, се казнува со забрана за настап на два натпревара;

– Игор Јаневски, фудбалер на ФК Охрид Лихнидос, се казнува со забрана за настап на еден натпревар;

– Николче Ефремов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на два натпревара;

– Бојан Иванов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на еден натпревар;

– Димитар Ѓорѓиев, фудбалер на ФК Детонит Плачковица, се казнува со забрана за настап на еден натпревар;

– Осман Даци, доктор на ФК Шкендија Арачиново, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец;

– Љупче Џеков, фудбалер на ФК Силекс, се казнува со забрана за настап на еден натпревар;

– Против ФК Пелистер се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација на натпреварот ФК Пелистер АД – ФК Вардар АД, односно користење пиротехнички средства од страна на навивачката група;

– Против ФК Вардар се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група Комити и направена материјална штета на стадионот „Петар Милошевски“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.