Не е во плановите на Мурињо- Карерас кон трансфер во Серија А?!
SPORTM.mk20 авг 2026

По трансферот на Марк Кукуреља, Алваро Карерас е свесен дека ќе има секундарна улога оваа сезона. Поради ова, шпанскиот одбранбен играч може да биде едно од големите изненадувања на трансфер пазарот.
Експертот за трансфери, Екрем Конур, открива дека Карерас е главната цел на Јувентус за зајакнување на нивната лева страна во овие преостанати денови од пазарот. Во случај на трансфер кај бело-црните, Карерас ќе има можност да биде неоспорен стартер.
Сепак, договорот ќе биде комплексен поради големата цена на играчот, а Јувентус повеќе преферира позајмување со право на откуп, што тешко дека ќе биде прифатено од Реал Мадрид.
Освен Карерас, Јувентус го разгледува и Рајан Аит-Нури од Манчестер Сити.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



