SportM
Фудбал

ФК Вухан се врати дома после три месеци

Д М20 апр 2020
ФК Вухан се врати дома после три месеци

Кинескиот фудбалски клуб ФК Вухан се врати во својот град по повеќе од три месеци.

Од Вухан кога започна пандемијата на коронавирус, тие решија да направат подготовки во Шпанија, но тие сигурно не планираа да останат подолго од сто дена.

Вчера се вратија дома и беа пречекани од стотици фанови.

„После три месеци скитници, конечно сме дома“, објави клубот.

Навивачите пееја, и на играчите им даваа цвеќиња.

Тимот на Вухан тренираше во Малага, но во строг карантин.

Не е познато кога ќе започне кинеската Суперлига, но во моментов се шпекулира дека ќе биде кон крајот на јуни или почетокот на јули.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.