SportM
Фудбал

Флик го отпиша, бекот на Барселона оди во Манчестер Јунајтед!?

Редакција24 авг 2026
Флик го отпиша, бекот на Барселона оди во Манчестер Јунајтед!?

Левиот бек на Барселона, Алехандро Балде, му дал овластување на својот агент Жорже Мендеш да разговара со Манчестер Јунајтед за можен трансфер.

Повремениот шпански репрезентативец е подготвен да се пресели на „Олд Трафорд“, но само доколку во Барселона му кажат дека повеќе нема да сметаат на него. Во спротивно, неговата желба е да остане во клубот во кој од 2011 година се пробиваше до првиот тим.

За Барса има одиграно 168 натпревари и со неа освоил три титули шампион на Шпанија.

Има договор со клубот до летото 2028 година, а Transfermarkt го проценува на 50 милиони евра. На отворањето на сезоната против Елче (победа на Барса со 5:0), тој не беше ниту на клупата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.