Connect with us

Фудбал

Флик потврди, Левандовски и Ноер ќе отсуствуваат против Атлетико

Ханси Флик потврди дека Роберт Левандовски и Мануел Ноер ќе го отсуствуваат од списокот на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Баерн денес ќе патува на Ванда Метрополитано но натпреварот не е од големо значење за германците бидејки тие се квалификуваа меѓу 16-те екипи во следната фаза од Лигата на шампионите.

Атлетико, пак, има само пет бода и уште им треба работа да го обезбеди билетот за следната фаза во ЛШ.

Покрај Левандовски и Ноер, против Атлетико ќе отсуствуваат и Леон Горецка и Корентин Толисо.

„Може да се потврди дека Ноер, Левандовски и Горецка нема да патуваат во Мадрид. Ниту Толисо нема да биде“, рече Флик на конференцијата.

„Сите други се подготвени, освен оние кои се повредени подолго време, Алфонсо Дејвис и Џошуа Кимих.“