SportM
Фудбал

Флик решен да го напушти Баерн, а од Апенините доаѓа голем интерес за него

Д М21 апр 2021
Флик решен да го напушти Баерн, а од Апенините доаѓа голем интерес за него

Германскиот стручњак Ханси Флик пред неколку дена потврди дека на крајот од оваа сезона ќе ја напушти клупата на Баерн.

Флик минатата сезона успеа да освои се што можеше со клубот од Минхен, а многумина се изненадени од одлуката на Баварците да го ослободат овој тренер. Сепак, Флик веќе некое време е во конфликт со Хасан Салихамиџиќ и очигледно е дека тој веќе не може да го толерира тоа.

Тренерот на Баерн побара од Салихамиџиќ да постави повеќе прашања кога станува збор за трансферите, но Салихамиџиќ не му дозволи да го стори тоа. Челниците на Баерн застанаа на страната на Салихамиџиќ, поради што Флик реши да си замине.

Тој пред неколку дена потврди дека ќе го раскине договорот со Баерн на крајот од сезоната и дека тоа веќе им го кажал на своите играчи.

“Сакам да ја прекинам соработката на крајот на сезоната. Тоа е факт и беше многу важно за мене тимот да го слушне тоа од мене. Одлуката не беше лесна за мене. Јас сум навивач на овој клуб и јас ќе бидам вечно благодарен за шансата што ми ја дадоа. Завршивме одлична работа во изминатите скоро две години и јас сум импресиониран од квалитетот што го има тимот“, рече Флик.

Пред неколку дена имаше информација дека Флик може да ја преземе репрезентацијата на Германија по Европското првенство, но тоа остана само шпекулација.

Сепак, денес германските медиуми пишуваат дека Флик би можел да најде нова работа на Апенините многу наскоро во текот на летото. Наводно, Јувентус сериозно ја разгледува опцијата да му понуди договор на Флик и да го замени Андреа Пирло како тренер на крајот на сезоната.

Угледниот Билд денес објави дека Јувентус ќе биде една од опциите за Флик затоа што челниците на клубот од Торино не се задоволни од резултатите на Пирло. Јувентус повторно разочара во Лигата на шампионите и се чини дека ќе остане без Скудето за прв пат по девет години.

Јасно е дека Флик ќе биде во центарот на вниманието на крајот од сезоната и дека нема да му недостигаат понуди поради одличните резултати што ги постигна како тренер на Баерн.

Вкупно, Флик ги предводеше Баварците на 81 натпревар. Дури 67 пати славеше неговиот тим, тој одигра нерешено осум пати и загуби само шест пати. Во првата сезона ги освои сите можни трофеи со Баварците.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.