Фудбал
Фонсека полуде, ама кога виде што направил се извинуваше, му се заканува долга суспензија

Тренерот на Лион, Пауло Фонсека, се соочува со седуммесечна суспензија поради неспортско однесување кон судијата на натпреварот против Брест. Лион го совлада Брест со 2-1 на домашен терен во 24. коло од францускиот шампионат, а во петтата минута од судиското надополнување, тренерот на Лион, Пауло Фонсека, доби црвен картон откако жестоко приговараше на одлуката на судијата Беноа Мило. Но, кога Мило му покажа црвен картон, на Фонсека му падна мрак на очи.
Тој се втурна во лицето на судијата и врескаше, а откако играчите го тргнаа од Мило тој продолжи со своите жестоки пцовки. По средбата, Фонсека се извини за својот испад. „Се извинувам за моето однесување, не требаше да го сторам тоа. Фудбалот понекогаш нè наведува да правиме работи што не се исправни“, изјави Фонсека, но извинувањето тешко дека ќе му помогне при изрекувањето на казната. Според прописите на Лига 1, Фонсека би можел да добие седуммесечна суспензија поради ваквото однесување.