Формација која може да ја постави само Диего Симеоне и никој друг (ФОТО)

Дуелите меѓу Диего Симеоне и Пеп Гвардиола се како судир на две различни галаксии.
Додека Гвардиола се стреми кон допадлив и убав фудбал од нога до нога, Симеоне е специјализиран за дефанзивна игра со многу опструкции.
Тоа најдобро се виде во првото полувреме од четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Атлетико Мадрид.
Атлетико Мадрид играше практично во формација 5-5-0 што е идеален показател за тоа колку дефанзивно беа ориентирани.
Во првото полувреме функционираше перфектно бидејќи Граѓаните без разлика на иницијативата и поседот на топката не успеаја да создадат посериозна шанса.
Инаку, првиот дуел во нокаут фазата од Лигата на шампионите беше меѓу Гвардиола и Симеоне пред шест години кога Атлетико го исфрли Баерн во полуфиналето.



