SportM
Фудбал

ФОТО: Алегри со сосема нов имиџ се појави на прес конференцијата

Д М25 мај 2019
ФОТО: Алегри со сосема нов имиџ се појави на прес конференцијата

Јувентус утре го игра натпреварот од последното 38. коло во италијанската Серија А на гости против Сампдорија.

Ова ќе биде последен натпревар на клупата на Јувентус за Масимилијано Алегри кој на денешната прес конференција се појави со сосема нов имиџ.

Алегри прес конференцијата ја одржа во нешто по опуштено издание и најави одредени промени во екипата, но и дека некои играчи имаат проблеми со повреди.

„Шчесни има проблем со коленоти и ќе има важен операционен зафат во следните неколку недели, но ќе биде достапен за утре. Кристиано Роналдо нема да патува со нас бидејќи треба да одмори за репрезентативните обврски кои ги има со Португалија. Вистинско време е да играат оние кои добиваа помалку шанса“.

„Миралем Пјаниќ се враќа, Матуиди и Бернардески се суспендирани, Марио Манџукиќ направи операција на носот, Сандро има проблем мускулот. Следната година ќе го видите Даглас Коста“, порача добро расположениот Алегри.

„Ако Леонардо Спинацола се опорави, тогаш ќе започне, во спротивно тоа ќе биде Переира“.

„Мораме да ја завршиме сезоната на високо ниво против одличени тимови. Марко Џампаоло минатата сезона потврди добра работа и неговата Сампдорија заслужува почит“

Алегри Конференцијата ја заврши со коментар за својата кратка фризура.

„После ова сите можеме да одиме на плажа, кажано ми е да ставам крема за сончање на главата, а сега ајде да одиме на пијачка“, заврши Алегри.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.