ФОТО: Дали видовте кој бил чуварот на Пике минатата ноќ? Тој дури не е…

Синоќа беше одигран интересен пријателски натпревар меѓу екипите на Каталонија и Венецуела.
Каталонија Славеше со 2:1. Кркиќ во 53. минута успеа да постигне гол за водство на Каталонија, така што Венецуела преку Розалес шест минути подоцна израмни. Каталонската победа ја донесе Пуадо во 87. минута.
За репрезентацијата на Каталонија настапуваше и дефанзивецот на Барселона Жерар Пике, тој за време на натпреварот имаше интересни дуели со Јеферсон Сотелдом.
„Десетката“ на Венецуела не успеа да се запише во стрелците, но многу внимание предизвика дуелите со Пике – поради разликата во висината.
Најмалиот напаѓач на Сантос е висок само 158 сантиметри, додека Пике е 192 сантиметри.
Сликата зборува доволно …
Pique vs. Soteldo
6’4” vs. 5’2”— B/R Football (@brfootball) March 26, 2019



