ФОТО: Еве како ќе изгледа новиот Најк дрес на Ливерпул

Footyheadlines.com, портал специјализиран за „откривање“ на изгледот на фудбалските дресови што допрва треба да бидат официјално претставени, овој пат објави слики од новите дресови на Ливерпул, на „Најк“ за сезоната 2020/2021.
Како што е веќе познато, Најк ќе ги „облече“ црвените од следната сезона.
Footyheadlines.com пишува дека Најк продолжува со Ливерпул со тренд на малку потемни нијанси на дресови, па домашниот дрес треба да биде бордо нијанса. Поточно, ќе биде во иста боја како и дресот на Португалија за Мундијал во Русија.

Покрај промена на бојата ќе има промена и на јаките и ракавите.

Задниот дел од маичката, под јаката, ќе има вообичаена графика за да им оддаде чест на жртвите од трагедијата Хилсборо.
Поради глобалната пандемија на коронавируси и проблеми со транспортот, навивачите на Ливерпул ќе можат да го купат новиот дрес само од продавниците почнувајќи од 1 јуни.



