SportM
Фудбал

ФОТО: Маскиран фудбалер на ПСЖ пристигна во родниот град за да им помогне на најблиските

Д М19 мар 2020
ФОТО: Маскиран фудбалер на ПСЖ пристигна во родниот град за да им помогне на најблиските

Играчите кои го заработуваат својот леб во Европа, почнуваат да се враќаат во роддните земји.

После враќањето на Нејмар и Тијаго Силва во Бразил, друг фудбалер денес се најде на пат за Јужна Америка. Станува збор за Единсон Кавани.

Кавани со маска на лицето и нараквици на рацете пристигна на аеродромот во Монтевидео и веднаш тргна за родниот град Салто, кој се наоѓа на границата со Аргентина.

„Се надевам дека ќе можеме да најдеме решение брзо. Ќе се обидам да му помогнам на Салто“, рече 33-годишниот напаѓач за „Канал 4“.

Пандемијата на коронавирус во Уругвај е прогласена на 13 март, а досега се заразени околу 500 луѓе и нема жртви.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.