SportM
Фудбал

ФОТО: Месут Озил воодушеви многумина со фотографијата, испраќајќи јасна порака

Д М2 мај 2020
ФОТО: Месут Озил воодушеви многумина со фотографијата, испраќајќи јасна порака

Поранешниот репрезентативец на германската репрезентација Месут Озил едвај чека да се врати на фудбалските натпревари.

Озил, кој неодамна одби намалување на платата во Арсенал, на Инстаграм објави интересна фотографија на која доби над 317.000 лајкови.

На монтираната фотографија, Озил е веднаш до аут линијата додека чека да влезе во игра, но со пораката „Фудбал влегува, Ковид-19 излегува“, што ги воодушеви сите фанови.

На овој начин, играчот од средниот ред на Арсенал јасно стави до знаење дека сака да започне да игра натпревари што е можно поскоро и покрај пандемијата на коронавирус.

Потсетуваме дека претходно оваа недела Арсенал започна со тренинзи во рамките на специјални програми и со големи заштитни мерки, додека Премиер лигата продолжи да биде под знак прашалник.

https://www.instagram.com/p/B_r6_jDpYRl/?utm_source=ig_embed

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.