Фудбал
Фото на денот во Англија: „Сон и Халанд“ ја слават титулата на Манчестер Сити
Во лудото финале на сезоната Манчестер Сити вчера ја освои титулата во Англија.
Во пресрет на последното коло имаа бод предност пред Ливерпул, кој во случај на некаков кикс против Астон Вила, со победа над Волвс би ја освоил титулата.
Се гледаа клоци. Вила водеше со 0-2 до 78. минута кога Сити за пет минути постигна три гола и го сврте резултатот, па победата на Ливерпул од 3-1 беше безвредна.
Фотографијата на денот е направена на Етихад за време на прославата на титулата.
Двајца навивачи на Сити направија селфи. Ништо невообичаено, освен што неверојатно наликуваа на напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин и на Ерлинг Халанд, ѕвезда која следната сезона ќе му се приклучи на Манчестер Сити.
Haaland and Son Heung-min join in for the celebrations after Man City clinched the league title. 😭😭 pic.twitter.com/EK3ukKRQIy
— Football Trolls (@FootballlTrolls) May 22, 2022
„Халанд и Сон Хеунг-мин учествуваа во прославата, откако Манчестер Сити ја освои титулата“, шеги што ја придружуваа сликата на денот во Премиер лигата.