SportM
Фудбал

ФОТО: Навивач на Манчестер Сити е кандидат за глупоста на годината

Д М31 мај 2021
ФОТО: Навивач на Манчестер Сити е кандидат за глупоста на годината

Екипата на Челзи во саботата вечерта го победи Манчестер Сити со минимални 1:0 во големото финале од Лигата на шампионите, и по втор пат во својата историја ја освои титулата на Стариот континент.

Видовме голема борба и една напорна игра, а победникот беше решен со еден гол. Се играше во 42-та минута кога генијалниот Мејсон Маунт го искористи Каи Хаверц кој го заобиколи Едерсон, и погоди за голема радост на „сините“.

Граѓаните напаѓаа до крајот на играта, но не успеаја да ја затресат мрежата на Челзи, па титулата наменета за најдобриот тим во Европа ја освои екипата на Томас Тухел.

Пред натпреварот, тимот на Манчестер Сити важеше за голем фаворит. Некои навивачи на овој клуб беа убедени во победата и првата титула европски шампион, па еден од нив го истетовира трофејот во Лигата на шампионите на листот од десната нога и го напиша името на неговиот сакан клуб подолу.

Навистина неверојатна глупост на обожавател на „Граѓаните“, кој наскоро ќе мора да најди мајстор за тетовирање за да ја „покрие“ тетоважата.

Ако за негова утеха, неговиот клуб ја освои титулата во Англија, па можеби тој може да го трансформира овој трофеј во оној од Премиер лигата.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.