SportM
Фудбал

ФОТО: Навивачите не се воодушевени од новиот дрес на Арсенал

Д М22 мај 2020
ФОТО: Навивачите не се воодушевени од новиот дрес на Арсенал

Иако сè уште не сме на крајот на тековната сезона, првите дресови на Арсенал за новата сезона се веќе направени.

Новиот дизајн за дрес, како што се очекуваше, за нив се погрижи „Адидас“, кој е технички спонзор на Арсенал уште од 2019 година, а варијантата што играчите ќе ја носат на домашни натпревари веќе кружи на Интернет.

Она што ја издвојува од сегашната варијанта е потемна црвена боја, како и истакнатите обрасци низ маичката освен на ракавите. Една од разликите е што слоганот на главниот спонзор на „Емирати“ е сменет во „Емирати – летај подобро“.

Арсенал е клуб кој, како и повеќето од најбогатите, заработува дел од своите приходи од продажба на дресови и според тоа се обидува да биде што е можно попривлечен, но овој сет не наиде на најдобри реакции кај навивачите, кои сметаат дека повеќе потсетува на опрема за тренирање.

„Подобро да се вратиме во Пума“, е еден од коментарите.

Како ви се допаѓа?

https://twitter.com/ArsenalAtHeartt/status/1262351659415605250

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.