SportM
Фудбал

ФОТО: Новиот дрес на Арсенал ги воодушеви навивачите

Д М9 јун 2019
ФОТО: Новиот дрес на Арсенал ги воодушеви навивачите

Пред неколку недели, Александер Лаказет и Пјер-Емерик Обамејанг се појавија во новите дресови на Арсенал за следната сезона.

Сега на интернет се појави и третиот комплет на дресови на Арсенал и се чини дека најповеќе воодушеви навивачите на овој клуб.

Дресот има темно сина боја со жолти детали и едноставно предизвика воодушевување кај навивачите, особено поради изборот на боја.

Со новиот комплет на дресови, Арсенал ќе се обиде да постигне подобри резултати во новата сезона, по завршувањето на петтото место во оваа сезона, со што ја загуби Лигата на шампионите за следната сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.