Connect with us

Фудбал

ФОТО: Погледнете какви „ѕверки“ го чуваат Мухамед Салах, го следат во секој негов чекор

Каде и да се појави, Мохамед Салах е главна ѕвезда во Африка. Така беше и пред неколку дена на мечот со Ангола, кога дури тројца играчи го прекинаа мечот само за да дојдат до Салах, а обезбедувањето доцна реагирало.

Затоа Фудбалскиот сојуз на Египет и ѕвездата на Ливерпул решија да реагираат и Салах ангажираше приватно обезбедување на натпреварот против Габон.

Двајца момци го следеа секој чекор на Салах пред и за време на овој натпревар. Постојано беа покрај него и привлекоа големо внимание.

Очигледно Салах решил да ги засили безбедносните мерки и да ја намали можноста за инцидент на натпреварот.

Селекцијата на Египет обезбеди пласман во следната рунда од квалификациите за СП и Салах ќе има шанса да ги предводи „фараоните“ во Катар.

Во плеј-офот има 10 репрезентации и ќе бидат извлечени пет двојки кои ќе ги одиграат натпреварите во март следната година и потоа ќе добиеме пет учесници на Мундијалот од Африка.

Покрај Египет, во плејофот се и Алжир, Тунис, Нигерија, Камерун, Мали, Гана, Сенегал, Мароко и ДР Конго.

Реклама

Facebook

Реклама