ФОТО: Редици во Белград: Црвена Ѕвезда веднаш ги продаде билетите за ЛШ
Д М11 сеп 2018

Црвена Ѕвезда го направи најголемиот успех по 26 години откако се пласираше во групната фаза од Лигата на шампионите, а билетите за трите натпревари од групната фаза кои ќе се играат на „Маракана“ се веќе продадени во рекордно време.

Денеска во десет часот почна редовната продажба на влезници за дуелите со Наполи, ПСЖ и Ливерпул, а по само неколку часа билетарата престана да работи бидејќи влезниците се распродале. Ред се чекал уште од ноќеска, а најупорните дшле до вредното парче хартија.
Претходните денови во претпродажба беа влезници за членовите на клубот, а останатите билети се продадоа денеска. Тоа значи дека Црвена Ѕвезда ќе ја има максималната поддршка од трибините.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



